БЛАГОДАРАМ наместо ИЗВИНИ е една моќ(ж)на игра со зборови. Во НЛП (невролингвистичко програмирање, методологијата што ја проучува успешноста и која е основа на мојата работа), делот на лингвистиката за мене како љубител на зборот, игра значајна улога. Оваа моќ(ж)на игра со зборови покани ја во твоето секојдневие и најди каде сѐ може да кажеш БЛАГОДАРАМ наместо ИЗВИНИ.
Некои идеи за замена:
→ БЛАГОДАРАМ што ме почека Vs. ИЗВИНИ што доцнам.
→ БЛАГОДАРАМ за трпението/дополнителното објаснување. Vs. ИЗВИНИ, не те разбирам.
→ БЛАГОДАРАМ што ми ја придржи вратата. Vs. ИЗВИНИ за вратата.
→ БЛАГОДАРАМ _____________________. Vs. ИЗВИНИ _____________________.
БОНУС, кажи си #Благодарам доколку согледаш дека користиш многу негативни зборови и #Благодарам за спремноста да направиш промена.
Развивање на свесност за сопствениот говор и која приказна си ја кажуваме, прави голема разлика.
Се читаме утре!
Благодарам од 💛


