101 идеја да си ја смениш состојбата
Black Friday за родители + подарок до 28 ноември (петок)
МАПАТА НЕ Е ТЕРИТОРИЈАТА
Има денови кога светот изгледа сив, а има денови кога истиот тој свет блеска.
И ништо не се сменило, истото небо, истата работа, истите луѓе.
Се сменило само нашето подесување.
Во NLP (НевроЛингвистичко Програмирање или Навистина Лесна Промена) тоа го нарекуваме состојба, начинот на кој мислиме, чувствуваме и се движиме во моментот. А состојбата во која сме е токму клучниот дел од аксиомата „Мапата не е територијата“. Нашата мапа на светот не е самата реалност, туку начинот на кој ја гледаме, и тој начин зависи од состојбата во која се наоѓаме.
Кога сме вознемирени, исплашени или уморни, мапата е замаглена. Се гледаат само препреки, закани и тешкотии. Но, кога сме во добра состојба, смирени, благодарни и присутни, мапата станува поширока, појасна, со повеќе избори и можности.
Токму ова сознание беше и мојата инспирација за книгата #Благодарам – книга што го потсетува и детето и возрасниот дека благодарноста не е само убав збор, туку начин на гледање. Кога гледаме низ очите на благодарноста, се менува целата мапа.
КОГА ТЕЛОТО И УМОТ СЕ СПРИЈАТЕЛАТ
Втората аксиома вели: Телото и умот се делови од еден ист систем.
Состојбата не се менува само со мисли.
Се менува со телото, со движењето, со здивот, со фокусот.
И токму затоа – кога ќе му помогнеме на телото да се смири, се смирува и умот.
Кога ќе му дадеме енергија, се буди и креативноста.
Кога ќе го раздвижиме телото – се шири и перспективата.
ОД 30 ДО 101 ЏОКЕРИ
Во играта #КакоМОЖЕ има 30 џокери за промена на состојбата.
Во овој блог, ќе најдеш 101 начин – едноставен, игрив, понекогаш смешен, но секогаш корисен – со кој можеш да ја смениш состојбата кај себе, кај своето дете, или кај цело семејство.
Некои ќе те насмеат, некои ќе те раздвижат, некои ќе те потсетат да…
Пробај ги. Избери си омилени. Направи си #ЛиченИЗБОР за промена на состојбата од лепезата на понудени можности. Научи го и своето дете како да препознае кога му е време за промена. Зашто состојбата е како радио-станица – сигналот постои, само треба да го наместиш на фреквенцијата што ти треба.
101 ИДЕЈА ЗА ПРОМЕНА НА СОСТОЈБАТА
📥 Овој материјал за печатење е достапен БЕСПЛАТНО до 28 ноември (петок)!
Потоа ќе биде дел од библиотеката на #КЛУБзаРОДИТЕЛИ.
Сакаш уште вакви ресурси?
Придружи се во #КЛУБзаРодители, каде што имаш пристап до слични алатки, игри, работни листови, предавања, интерактивни материјали кои ќе ти помогнат во воспитувањето на самостојно, самоуверено, љубопитно и резилиентно дете.
BLACK FRIDAY
До 28 ноември петок има попуст од 28,5% (28 е петок 😉) за 6-месечно и 12-месечно членство. Пиши ми ако ти треба насока или имаш прашања.
Прашање за тебе – Има ли цена знаењето што ќе ти помогне да го поддржиш и подготвиш детето за да продолжи да си игра и да се забавува и кога ќе порасне?
Што би се случило ако децата уште од мали научат дека можат сами да ја сменат својата состојба и свесно да управуваат со неа да не зависат од околината?
Да ги научиме да управуваат со себе, пред да ги учиме да управуваат со резултати.
💛 Ако ти се допадна овој материјал и ти беше корисен, можеш да ме почастиш кафе. Со тоа не само што ја поддржуваш мојата работа и создавањето на бесплатни и корисни содржини за сите, туку придонесуваш и за кампањата #ЛиченИЗБОР, која го шири ставот #Благодарам и #КакоМОЖЕ во државните училишта и градинки преку интерактивни предавања и донации на едукативни книги и материјали за нивните библиотеки.
Со твојот #ЛиченИЗБОР – ти стануваш дел од мисија што шири благодарност, свесност и позитивен став во нашата заедница.


