Промена на перцепцијата со вежбата Лист на 2 дела
земи еден лист и превиткај го на половина (дали хоризонтално или вертикално избери сам/а како повеќе ти се допаѓа)
на левата страна напиши ги најголемите грешки/неуспеси кои си ги направил/а, кои си ги искусил/а
на десната страна до секоја грешка/неуспех извади ги лекциите од нив како и ползата којашто запловила во твојот живот како резултат на таа таканаречена грешка/неуспех, зачинето со тоа што си научил/а од таа ситуација и каква личност си станал/а.
Доколку одвоиш време за оваа неверојатно едноставна и моќна вежба, ќе согледаш дека твојот живот нема да биде така богат и шарен без грешките од минатото. Бидете понежни кон самите себе и гледајте го животот онаков каков што е, патека за самооткривање, личен развој и доживотно учење.
Не помалку важно е тоа да бидеме светол пример којшто следната генерација ќе може да го следи.
Да размислуваме во духот #КакоМОЖЕ да пораснеме од грешките.
https://anasaltirova.mk/project/razviva%d1%9ae-na-stavot-kakomozhe-vo-korporativniot-svet/
Се читаме утре!
Благодарам од 💛


