А да одиме на Прошетка #Благодарам.
Прошетката како таква самата по себе е терапевтска и со многу бенефити, но кога е зачинета со благодарност тогаш се качуваме на следното ниво.
Можете сами, а можете и да си го поканите омиленото друштво. Прошетката може да биде на некое специјално или не толку специјално место кое кога ќе стане специјално откако ќе го воспримиш преку сите сетила.
Доколку шеташ сам/а целта е да набљудуваш/забележиш сѐ околу тебе, да ги забележиш сите бои, облици, звуци, мириси, сензации во телото (на пример: кога газиш на земјата) за кои си благодарен/на и да ја почувствуваш благодарноста во своето тело/срце.
Доколку шеташ со омиленото друштво можете да го правите истото со тоа што сите ќе го искажат на глас или пак да зборувате за што се сте благодарни или пак да изберете тема и на истата да зборувате за што сте благодарни или пак може ќе се роди некоја друга идеја на која доколку ја споделите со мене ќе ви бидам благодарна од 💛.
Се читаме утре!
Благодарам од 💛
П.С. Медитации со #Благодарам
Ако прошетката ја правиш со семејството и тоа е на некое мирно место дополнително може да ја поканите и #Деница, медитацијата со #Благодарам


