Ала Ана - Рецепт 4Д Родителување
Од „кујната“ на #КЛУБзаРодители - споделуваме проверен рецепт за семејства што растат заедно.
Состојки:
1 шолја ДРУШТВО
(заедничка поддршка, заедничко учење на нашиот ПРВ понеделник — on-line интерактивна работилница за родители од ризниците на NLP методологијата со coaching пристап во добро друштво на ZOOM)2 супени лажици ДОСЛЕДНОСТ
(секојдневни мали чекори, кои градат голема сигурност, секој ВТОР вторник споделуваме мал чекор кој сме го направиле)3 раце ДЛАБОЧИНА
(да погледнеме подлабоко, да ги пронајдеме сите мали и големи победи во нешето родителување и го одбележуваме секоја ТРЕТА среда)4 кафени лажички ДОВЕРБА
(во себе, во детето, во процесот дека предизвикот на патот ќе не направи подобри и посилни, а на поддршката секој ЧЕТВРТ четврток)Прстофат хумор
(затоа што кога сме насмеани, полесно е и поголем дел од нашиот мозок работи)Неколку капки стрпливост
(не оди брзо, но секој ден вреди)Љубопитност по вкус
(секогаш остави место за нешто ново, за учење, за…)
Начин на подготовка:
Сервирање:
Се консумира по можност секој ден. Најдобро делува во заедништво со други родители. Се препорачува топло срце и отворен ум.
Забелешка од шефот на „кујната“
Нема совршено родителство, но затоа тука е свесното родителство. 4Д рецептот е за секој ден — не само за специјални прилики.
Ѕирни што сè има во #КЛУБзаРодители https://subscribepage.io/LlDgai.







