Сте размислувале ли да зачините/споите некоја не толку забавна активност со благодарноста и да ја однесете на следно ниво?
Храбар предлог е да почнеш да Организираш/Средуваш/Чистиш со Благодарност. Најголем дел од луѓето не уживаат во организирање/средување/чистење на кујната, тоалетот, спалната, летните алишта...
Денес онашто треба да го организираш/средиш/чистиш во домот (или во…) зачини го со искажување на благодарност, на пример: го местам креветот и искажувам благодарност затоа што имам кревет, имам покрив над главата, имам душек и чист чаршав. Тоа може да го правиш на глас или во себе, за сѐ што ќе организираш/средуваш/чистиш денес. Сигурно ќе произлезат и некои креативни и интересни благодарности кои ќе посакаш да ги споделиш, за што сум благодарна од 💛.
Доколку организирајќи/средувајќи/чистејќи дојдеш до нешто за што не можеш да се сетиш зошто си благодарен/на, запрашај се на кого може да му го подариш, а би бил/а благодарен/на да го има тоа.
Ако баш и не ти текнува за што би можел/а да бидеш благодарен/на кога ќе влезете во WC, можеш да пробаш за момент да го замислиш животот без тоалетна хартија, одвод, WC-шолја, чешма за миење на рацете, еее сега веќе списокот за што сѐ можете да бидете благодарни е долг:
Благодарам на тој/таа што ја измислил/а, тој/таа што ја произвел/а, тој/таа што ја донел/а до продавницата, тој/таа што ја донел/а до дома, тој/таа што ставил/а нова ролна...
Благодарам на тој/таа што се сетил/а на идејата за канализација, на сите што учествувале во нејзино изведување, на сите што ја одржуваат, на сите комшии коишто не фрлаат влажни марамици...
...
Се читаме во понеделник!
Благодарам од 💛
Планер ЗА...
Не е дека не знаеш НО... така настана Планер ЗА...

