Овој текст настана од едно едноставно прашање кое често ми го поставуваат родителите:
„Како сето ова што го споделуваш да го направиме дел од секојдневието?“
Затоа што благодарноста не е идеја што се разбира еднаш, таа е вештина што се вежба. И токму како секоја животна вештина, бара:
структура
свесност
и #ЛиченИЗБОР
Затоа и е една од носечките вредности во Кампањата #ЛиченИЗБОР.
Благодарноста не е само чувство, таа е и став.
Често ја поврзуваме благодарноста со убави моменти, подароци, љубезно/културно однесување или „кога сè е во ред“. Но во пракса, благодарноста е начин на размислување, таа е избор:
каде го насочуваме вниманието,
што забележуваме
и како реагираме.
Во свет каде што сите брзаат, бараат и очекуваат, благодарноста е мал, свесен #ЛиченИЗБОР што прави голема разлика и кај децата и кај нас, големите. Не треба да заборавиме дека покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца – топол дом, облека, храна, играчки, одмор ... на дар им го даваме и нашиот став кон животот.
Од идеја до пракса: како се вежба благодарноста?
Благодарноста не се учи со објаснување, се учи преку доживување/искуство.
Со текот на времето, во работа со родители и деца, се кристализираа неколку едноставни, но моќни пристапи:
Преку мали РУТУАЛИ
Ритуалите ѝ даваат форма на благодарноста, тие ја прават видлива и повторлива.
Тоа може да биде:
запишување на нешто за кое сме благодарни, книгата #Благодарам има одлична структура за таа цел, на крајот останува и како споменар во семејството
споделување на благодарност на крајот од денот, мислата/енергијата со која си легнуваме е мислата/енергијата со која стануваме
изработете честитка или напишете писмо за да искажете благодарност, детали во книгата #Благодарам или на следниот линк
направете си ваша тегличка за благодарност, детали во книгата #Благодарам или на следниот линк
изработете семеен постор на благодарност, детали во книгата #Благодарам или на следниот линк
Затоа што ритуалот создава навика но и дава сигурност.
Преку ИГРА
Како што вели Жан Пијаже: „Играта е работата на детето.“
И токму затоа играта е едно од најмоќните помагала за учење бидејќи бара целосна вклученост, присутност и искуство. Низ игра, децата (а често и ние, возрасните) учиме, размислуваме и развиваме вештини, додека истовремено се забавуваме.
Понесена од таа логика ги создадов играта, картичките и предизвикот #Благодарам (за деца и големи). Негувањето на ставот #Благодарам преку игра има и други бенефити:
децата учат без притисок,
се отвора простор за смеа и разговор,
вештината се врзува со позитивно искуство.
Материјалите може бесплатно да се симнат од мојата веб-страница и да се користат дома, во училница или на..., на начин што најмногу ви одговара.
Благодарноста како рамка, не како список
Често и јас самата сакам „план“, но план во форма на список брзо станува уште една обврска. Затоа благодарноста има потреба од рамка, не од листа:
рамка што нè потсетува,
рамка што нè враќа,
рамка што нè води.
Прашањето со кое сакам да го заокружам овој текст доаѓа од книгата 50+ идеи #Благодарам: Што ако благодарноста е олимписка дисциплина?
Олимпијадата е симбол за извонредност, врвна вештина, посветеност и вежба.
А сепак гледаме луѓе што се извонредни во една друга дисциплина – кукање.
Што значи, начинот за извонредност е познат. Само е направен поинаков избор. А изборот секогаш може да се промени, ние не сме посадени дрвја, можеме да направиме и поинаков #ЛиченИЗБОР.
Благодарноста не е проект што се завршува, таа е животна вештина што се живее.
И токму тука се среќава со суштината на Кампањата #ЛиченИЗБОР, изборот како свесна, секојдневна одлука за тоа каков став негуваме и какви вештини градиме кај децата и кај себе. Доколку ова резонира со тебе во #КЛУБзаРодители активно работиме на развој на животни вештини (благодарноста е секако една од нив) кај децата кои ќе им бидат потребни во светот на големите.
Прашање за крај (и почеток)
Кој е твојот #ЛиченИЗБОР на мал ритуал што ќе го поканиш да ти прави друштво во негувањето на ставот #Благодарам? За тебе? Во твоето семејство?
Пиши ми се радувам да ги чујам твоите избори. 💛
Линкови споменати во текстот:
Симни ја играта #Благодарам
Симни ги Картичките #Благодарам
Симни го 30 дневниот предизвикот #Благодарам за деца
Приклучи се на 10 дневниот предизвикот #Благодарам за големи
Повеќе инфо за #КЛУБзаРодители
По завршување на дружењето и споделувањето идеи за време на зимскиот распуст, на ваше барање, сето ова го собрав на едно место. Како тивок потсетник дека благодарноста не припаѓа на еден период, туку е вештина што може да се враќа, вежба и живее – секогаш кога ќе избереме.
Ден 1 – Ставот #Благодарам како животна вештина, тука
Ден 2 – Картички #Благодарам, тука
Ден 3 – Честитка и писмо на благодарност, тука
Ден 4 – Теглата #Благодарам, тука
Ден 5 – Играта #Благодарам, тука
Ден 6 – Ајнштајнови загатки, тука
Ден 7 – План, тука
Ден 8 – Постер на благодарност, тука
Ден 9 – Сложувалка, тука
Ден 10 – Предизвик, тука
Ден 11 – Ритуал и „олимписката дисциплина“ на благодарноста, тука


